- Андријана не дојде во Скопје затоа што немаше каде да игра, туку за да биде со Тоше. Затоа сакаше да започне сопствен бизнис. Навистина не сакам ништо повеќе да коментирам, затоа што препукувањето по медиумите не е мое ниво, објаснува мајката на Андријана, Милана
Два месеци по трагичната смрт на македонската поп икона Тоше Проески, неговата девојка Андријана Будимир се уште не може да ја преброди загубата. Будимир моментално се наоѓа во Скопје. Се обидува да ги оствари своите работни обврски кои ги започнала пред да го загуби Тоше. Во план и е во февруари да отвори козметички салон. Во најтешките мигови со неа била нејзината мајка Милана, која минатиот викенд се вратила во Србија, каде што и живее. Милана раскажува дека нејзината ќерка многу тешко ја преживува загубата на нејзината љубов.
- Андријана се уште е многу ожалостена, но сите се обидуваме да ја подигнеме на нозе. Таа мора да продолжи да живее и научи да се носи со тоа дека Тоше повеќе го нема. Андријана го сакаше премногу и кога би ги коментирала шпекулациите за нивната врска по медиумите последните денови, би се спуштила под своето животно ниво, вели Милана.
За изјавите на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ дека Андријана, меѓу другото, сакала Тоше да и помогне околу нејзиното враќање во скопскиот ракометен клуб Кометал, нејзината мајка тврди дека многу работи за кои се пишува од неговата смрт не се точни, а ова е само една од нив.
- Андријана беше на разговор во Кометал, но ги одби. Таа не дојде во Скопје затоа што немаше каде да игра, туку за да биде со Тоше. Затоа сакаше да започне сопствен бизнис. Впрочем, зашто вие самите не проверите некои факти? Навистина не сакам ништо повеќе да коментирам, затоа што препукувањето по медиумите не е мое ниво, објаснува Милана Будимир.
Таа сака празниците кои што доаѓаат да ги мине заедно со нејзината ќерка Андријана. Дел од празниците ќе ги поминат во Србија, а дел во Хрватска.
Андријана се уште не може да се помири со лагите кои се појавуваат по медиумите, алудирајќи на видео-записот на Тоше Проески од неговото гостување во Бугарија пред неколку години. Тој бил снимен во хотелската соба, а минатата тие снимки беа објавени како ексклузивен запис снимен на интернет пред загинувањето.
- Немам објавено никакви наши последни снимки. И да ги имам, сигурно нема да ги пуштам во јавност. Кој нормален тоа би го направил? Не знам од каде е таа снимка, ниту кој ја направил. Не знам ни кој им ја дал на медиумите. Жално е што такви работи се случуваат, вели Будимир во телефонски разговор. Андријана не знае кога настанале тие снимки, бидејќи во тоа време не била со Тоше.
Интересот за Тоше и за околностите под кои тој загина се уште не е намален. Се чини најмногу се зборува за неговата љубовна врска со ракометарката Адријана Будимир која во април минатата година се врати од Валенсија, каде имала потпишан договор со тамошниот ракометен клуб и се вселила кај него во куќата во скопската населба Злокуќани. Токму тогаш почнаа и дилемите за сериозноста на нивната врска. Некои тврдеа дека воопшто не живеела во Злокуќани, некои пак, дека не му ни била девојка. Полни 40 дена се чекаше и на изјава на неговата менаџерка, Љиљана Петровиќ, која напомена дека нивната врска не била толку сериозна, колку што Андријана ја раскажа. Петровиќ дури ја спомна и неговата поранешна девојка Благица, на која Тоше, без оглед на Андријана, и праќал пораки.
Ѓорѓевски ги посетија Проески во
Крушево!
Ѓорѓи и неговите пристигнале во Крушево во периодот кога изминуваа 40-те дена од смртта на Тоше. Кога заѕвониле на вратата од семејната куќа на Проески, отворила мајка му на Тоше. Ги примила внатре. Од моментот кога го преминале прагот на куќата, ниеден од присутните не можел да ги сопре солзите и лелеците!
Многу тага, солзи, тап поглед, лелеци, жал, прегратки, сеќавање на минатото, малку зборови.....Вака поминала средбата во Крушево меѓу возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски и семејството на Тоше Проески, дознава Вечер.
Без дозвола од лекарите, со сеуште нарушена здравствена состојба и скршен 'рбет, Ѓорѓи Ѓорѓевски побарал, а неговите родители му овозможиле да отпатуваат за Крушево, ненајавени, кај родителите на Тоше Проески.
Оваа ненајавена посета се случила во периодот кога изминуваа 40-те дена од смртта на Тоше.
Ѓорѓи и неговите пристигнале во Крушево. Кога заѕвониле на вратата од семејната куќа на Проески, отворила мајка му на Тоше. Ги примила внатре. Од моментот кога го преминале прагот на куќата, ниеден од присутните не можел да ги сопре солзите и лелеците. Плачеле сите.... И Ѓорѓи...
Татко му на Тоше воопшто не се симнал од горниот спрат на куќата. Немал сила да го стори тоа. Се уште е скршен од загубата на чедото. Тој останал да лежи во креветот, бидејќи неговата здравствена состојба е сериозно нарушена. По петнаесетина минути изблик на болка, во семејната куќа пристигнале сестра му на Тоше и нејзиниот сопруг. Атмосферата и расположението воопшто не се промениле по нивното доаѓање. Траорот и солзите ечеле наоколу, недоречените и недовршените работи им тежеле на плеќи, свесни дека не се моќни да променат што било....да му помогнат и да го вратат нивното чедо...
Семејството Ѓорѓевски ја напуштило семејната куќа на Проески по речиси 30-минутната посета. Според информациите на Вечер, сите се разделиле во пријателска атмосфера....едните заминале кон Скопје, другите останале во Крушево.